Насловна / Вести / Рекорд во 3Д печатење: Катарски училишта поголеми од сите досегашни проекти

Рекорд во 3Д печатење: Катарски училишта поголеми од сите досегашни проекти

Во Катар, во тек е изградбата на две најголеми 3Д печатени згради во светот, како дел од амбициозен план за модернизација на образовната инфраструктура. Проектот предвидува изградба на 14 училишта, од кои две се градат со користење на најсовремена технологија за 3Д печатење.

Реализацијата на овој зафат ја води компанијата UCC Holding, во соработка со Катарската управа за јавни работи.

За потребите на градењето, ангажирана е реномираната компанија COBOD, специјализирана за 3Д печатење, која испорачаал два прилагодени BODXL печатачи. Секој од нив е долг 50 метри, широк 30 метри и висок 15 метри.

Процесот на изградба на овие училишта се базира на постепено нанесување на слоеви од цементна смеса преку роботски контролирана млазница, следејќи прецизно дефинирани планови.

3Д печатачите се долги дури 50 метри

Откако ќе се заврши печатениот дел, градежните работници ја преземаат работата – додаваат кров, прозорци, врати и други завршни елементи што му даваат на објектот функционалност на вистинско училиште.

Според информациите од UCC Holding, секое од двете 3Д печатени училишта има површина од 20.000 квадратни метри, што заедно претставува 40.000 квадратни метри градежен простор. Ова, велат тие, е дури 40 пати поголемо од површината на најголемата 3Д печатена зграда во светот досега.

Училиштата се проектирани како двокатни објекти на парцели со димензии 100 на 100 метри, а претставуваат модел на современ пристап кон образовната инфраструктура што би можел да послужи како модел не само во Катар, туку и ширум регионот.

Иако засега не е можно со целосна прецизност да се потврди тврдењето дека овие училишта се многу пати поголеми од сите досега 3Д печатени објекти, познато е дека димензиите далеку ги надминуваат сите досегашни проекти.

Претставниците на компанијата наведуваат дека рендерите на идното училиште сè уште не се достапни, но откриваат дека проектот ќе биде инспириран од природните пустински формации на Катар, со закривени, брановидни ѕидови што потсетуваат на дини.

Планирано е сите 14 училишта да бидат завршени до крајот на 2025 година.

Испрати коментар

Scroll To Top