Њујорк доби уште една ново-стара атракција – легендарната Валдорф Асторија (Waldorf Astoria), по осумгодишна пауза и реновирање вредно вртоглави две милијарди долари, конечно се враќа на сцената.

Дом за ѕвездите
Речиси и да нема американски претседател кој не поминал барем една ноќ во прочуениот Валдорф. Херберт Хувер дури и живеел во претседателскиот апартман повеќе од 30 години.

И за секој случај ако тоа не е доволно, треба да се спомене дека тамо навраќале Фрида Кало, Мерилин Монро, Алберт Ајнштајн и Френк Синатра. Дури и Парис Хилтон овде пораснала – бидејќи овој хотел, ни помалку ни повеќе, му припаѓал на нејзиното семејство.

И не само што хотелот бил општествен епицентар, туку поставил и стандарди во угостителството: бил првиот што вовел 24-часовна собна услуга, телефони во собите, струја на секој кат и да – овде настанале познатата салата Валдорф и Бенедикт јајцата.

Помалку соби, повеќе луксуз
Денешната „Валдорф Асторија има само 375 соби и 372 резиденцијални единици, што е огромен скок во удобноста од оригиналните 1.400 соби.

Секоја единица е проектирана да изгледа како приватен апартман, со сопствен бар и бања инспирирана од спа-центар. Цени? Тие почнуваат од 2.200 долари по ноќевање.

Уредувањето е доверено на проверени имиња: Pierre-Yves Rochon го потпишува ентериерот на хотелот, додека Jean-Louis Deniot и тим архитекти од SOM се погрижија за апартманите.
Реставриранисе и оигиналните елементи: фрески од 19 век, мозаици, столбови од мермер Порторо, па дури и познатиот часовник од 1893 година, кој стои на своето место.

Нова ера, ист шарм
Покрај луксузниот смештај, хотелот сега нуди три нови ресторани. Lex Yard е водечки брасериски концепт со американска сезонска кујна, а тука е и софистицираниот Yoshoku, кој ги спојува јапонската и западната гастрономија, како и елегантниот Peacock Alley Lounge, кој и понатаму важи за срце на хотелот.

А ако се прашувате дали хотелот сè уште ја има онаа стара душа – одговорот е „да“. Бидејќи како што велат од хотелот: „Се гледаме кај часовникот“ е повторно фраза што има тежина.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија