Како индикатори за загадувањето на водухот, со години се следат вредностите на PM10 и ПМ2,5 цврстите честички. Само одреден број земји ги следат и вредностите на PM1. Но, со корситење на напредна сателитска тенхнологија, по прв пат е изведена сеопфатна 25 годишна анализа на присуството на PM1 честички во воздухот ширум САД. Оваа револуционерна студија, објавена во часописот The Lancet Planetary Health, открива како шумските пожари, емисиите од сообраќајот и индустриските загадувачи го обликуваат квалитетот на воздухот кој секојдневно го вдишуваме.

За разлика од претходно споменатите PM10 и PM2.5 честички, PM1 честичките имаат дијаметар помал од 1 микрон, и речиси во целост се отпорни на филтрацијата во организмот на човекот, односно можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Истражувачите од Универзитетот Вашингтон по прв пат ја квантифицирале количината на овие субмикронски честички во текот на изминатиот четврт век. Со цел да дојдат до точни проценки, научниците ги користеле познатите односи помеѓу главните компоненти на PM2,5 честички – вклучувајќи сулфат нитрат, минерална прашина и други, со цел да ги пресметаат концентрациите на PM1.
Интересно е дека одредени земји меѓу кои и Кина веќе имаат воспоставено национални системи за следење на PM1. САД досега заостануваа во овој сегмент. Следниот чекор од истражувањето е соработка со епидемиолозите, со цел да се утврди поврзаност помеѓу изложеноста на PM1 честички и конкретни здравствени исходи.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија