На местото каде што раскошна шума од чемпреси се нурнува во азурното море, високо се издига бисерот на Будванска ривиера – Dukley Hotel & Resort, Dukley Gardens. Имитирајќи ги импозантните црногорски планини кои нудат совршен поглед на околината, а од друга страна неприкосновена приватност и чувство дека сте единствени на светот, се наоѓа луксузниот комплекс кој има само една цел – одмор за душата.


На само на неколку чекори од Будва на полуостровот Завала, на престижна локација покрај брегот на Бечиќи, може да се види исклучителна комбинација од природна елеганција и врвна удобност. Да се ужива во мирот на отвореното море, почувствуваат ситен песок и камчиња под нозете и импресивниот поглед што зрачи со елеганцијата на Јадранското Море.


Проектантското решение на комплексот е визија на наградуваното германско архитектонско студио NPS Tchoban Voss. Ентериерот и екстериерот се проектирани така што сите апартмани нудат импресивни панорамски погледи на морето, Стариот град Будва и островот Свети Никола. Името Dukley потсетува на древниот римски град Doclea, по кој во средниот век Словените ја нарекле првата црногорска држава Дукља.


Dukley Hotel & Resort е мирна оаза опремена со сите потребни содржини, како за совршен одмор, така и за живот, ако сте воодушевени од убавината на Црна Гора и одлучите да поминете повеќе време тука. Локацијата на хотелот е навистина единствена: од една страна, во околината се наоѓаат места со богата историја што вреди да се посетат, а од друга страна, сиот шарми на живиот живот на Будванската ривиера.

Со мудро користење на природните убавини Dukley Gardens содржи единствени услови за опуштање – три приватни плажи, бесконечен базен, шест ресторани со разновидни кујни и конференциска сала. Комплексот содржи и 35 резиденции и 57 соби. Во овие различни единици за сместување, може да се ужива во двокреветни соби од 25 квадратни метри или во луксузни пентхауси со површина до дури 500 квадратни метри.

Dukley рестораните претставуваат еден вид театар на вкусови, а секој залак патување на бескрајно уживање. Скриени на прекрасни локации во самиот комплекс, рестораните се карактеризираат со необичен амбиент, беспрекорна услуга и неодоливи специјалитети.


Dukley Beach & Bar е оаза за оние кои претпочитаат потивка средина, интимна атмосфера, без гужви и бучава. Опуштена средина опкружена со медитеранско зеленило, поглед на Стариот град, ситен песок и удобни лежалки се само дел од она што го прави ова место посебно. Покрај уживањето и релаксацијата, за оние со авантуристички дух кои се во потрага по адреналин, плажата Dukley нуди широк спектар на разновидни активности како што се џет-ски, сурфање, кајакарење, нуркање и многу други.


Кога ќе се зачекори во градините на Dukley Hotel & Resort, ќе се најдете опкружени со ремек-дело на природата и пејзажните архитекти. Dukley градините не се само збирка растенија; тие се ода на разновидната флора на Медитеранот. Од нежни орхидеи до мудроста на древните маслинови дрвја, секој лист има своја приказна. Кога ќе се доживее симфонијата на промената на годишните времиња, секоја трансформација носи нова, зачудувачка убавина.

Dukley Gardens, не само што се сведоци на величественоста на природата, туку се и дел од неа.
А во овие живописните градини цвета и уметноста надвор од границите на галериите и музеите.

Тука може да се доживе прекрасниот спој на модерната уметност и природата во парк со скулптури.
Создадени од исклучителни уметници, околу 40 уметнички инсталации се беспрекорно вткаени во пејзажот, претворајќи ги Dukley во уметничка дестинација.
Но, креативноста не запира во градините; таа се протега понатаму, во галеријата во тунелет што ги поврзува Будва и Бечиќи.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија