Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) ги известува своите членови дека во рамки на соработката меѓу ААМ и реномираната европска архитектонска награда EU MIES AWARDS, се отвора можност да испратат предлог-номинации на реализирани проекти кои ќе се најдат во конкуренција за номинација и потенцијално за добивање на ова престижно признание.
УСЛОВ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Проектите треба да бидат реализирани во периодот од 1 мај 2023 до 30 април 2025.

АПЛИКАЦИЈАТА ТРЕБА ДА СОДРЖИ:
- Име на проектот
- Име на авторот / студиото
- Период на реализација
- Локација
- Краток опис на проектот (до 500 зборови), со осврт на неговите архитектонски и концептуални квалитети
- Фотографии (максимална големина: 3MB)
Ве молиме вашите предлози да ги испратите на е-mail на ААМ: [email protected] најдоцна до 17 јули 2025.
По пристигнувањето на апликациите, Управниот одбор на ААМ заедно со надворешен експерт ќе изврши селекција на проектите што ќе бидат предложени за номинација.
Контакт лице: Марија Димитриевска Цилакова 070 / 377 258

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија