Водениот мост Магдебург (германски: Wasserstraßenkreuz) — пловен аквадукт во Германија, отворен е во 2003. Го поврзува Каналот Елба-Хафел со Средногерманскиот Канал, преминувајќи ја реката Елба. Познат е по најдолгиот пловен аквадукт во светот, со вкупна должина од 918 метри.

Каналите Елба-Хафел и Средногерманскиот претходно се сретнувале близу Магдебург но, на спротивната страна на Елба, која била на значајно пониско ниво од двата канали. Бродовите поминувале по 12 километри по заобиколниот пат, обратно од Средногерманскиот Канал низ Ротензе во Елба, потоа пловење низводно низ реката, а потоа да се префрли на Каналот Елба-Хафел преку браната Нигрип. Недостигот на вода во Елба често потполно ја прекинувал оваа врска

Работата на Водениот мост Магдебург започнала во 1997, а изградбата траела шест години и чинела 500 милиони евра. Сега водениот мост ги поврзува внатрешната пристанишна мрежа на Берлин со пристаништата долж реката Рајна. Мостот е изграден од 24.000 тони челик и 68.000 кубни метри бетон.

„Важно ни е да ги направиме водните патишта привлечни за индустријата како безбеден и еколошки начин на транспорт“, изјавил тогашниот германскиот министер за транспорт Манфред Штолпе на церемонијата на отворањето во октомври 2003 година.

Бродовите оттогаш можат да превезуваат товар до 1.350 тони – еквивалент на 50 камиони – преку мостот со ширина од 34 метри и длабочина 4,25 метри. Претходно, бродовите можеле да се товарат само со 800 тони.

Овој мост не само што ги оптимизирал комерцијалните рути со намалување на времето за навигација, туку станал и туристичка икона. Од неговата платформа, посетителите можат да се восхитуваат на совршената мешавина од функционалност и убавина додека го гледаат постојаниот тек на бродови над мирните води.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија