Романското Министерство за енергетика, има доделено вкупно 1.046 договори за неповратни средства за јавните установи, за инвестирање во соларни електрани за соспствена потрошувачка. Вкупната вредност на одобрените средства достигнува 502 милиони евра. Корисници се училишта, болници, општини и други јавни институции ширум земјата. Вкупниот инсталиран капацитет на овие проекти е 403MW.

Од Министерството истакнуваат дека идејата зад овој проект е поголема енергетска независност на јавните институции и намалување на нивните трошоци за енергија, секако пропратено и со значителни придобивки во заштитата на животната средина. Се вели дека на овој начин, објектите ќе може да обезбедуваат околу 70% од потребите од електрична енергија. Освен грантовите, надлежното министерство ги олеснило и соодветните процедури за инсталирање на вакви системи а пружжало и техничка помош.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија