Насловна / Вести / Ирска ја затвори последната електрана на јаглен, а доминантен извор сега е ветерот

Ирска ја затвори последната електрана на јаглен, а доминантен извор сега е ветерот

Со затворањето на термоцентралата Moneypoint, на 20-ти јуни 2025 година, Ирска официјално го заврши производството на електрична енергија од јаглен, придружувајќи се на групата од 15 европски земји кои во целост го имаат исфрлено јагленот од енергетскиот микс. Овој историски чекор станал изводлив благодарение на импресивниот раст на производството на енергија од обновливи извори. На преминот на новиот милениум, ветерната енергија учествувала само во 1% од енергетскиот микс во оваа земја, додека денес обезбедува повеќе од една третина од вкупната потрошувачка.

Иако термоцентралата Moneypoint до 2029 година ќе ј задржи улогата на резервна постројка, нејзиното затворање означува одлучен премин на Ирска кон енергетска иднина без фосилни горива. Ирската влада планира изградба на нови гасни капацитети со вкупна инсталирана моќност од 2 GW, и нема јасна стратегија за намалување на зависноста од гасот кој исто така е фосилно гориво.

Во меѓувреме и Шпанија и Италија се подготвуваат во наредните месеци да ги затворат последните термоелектрани на јаглен. До 2030 година, 10 земји од Европа презеле обврска да ги затворат своите термоелектрани на јаглен.

 

Испрати коментар

Scroll To Top