На 26 јуни оваа година се одбележува 73-та годишница од основањето на Друштвото на архитектите на Народна Република Македонија во 1952 година, по што ќе не делат само уште две години до големиот 75-ти јубилеј на 26 јуни 2027. Се разбира, на Асоцијацијата е официјално да се искаже по својот јубилеј, а на сите други да и го честитаат јубилејот и да и посакаат понатамошни успеси.

Јубилејот е и подовод да се подестиме на скромните почетоци коишто со текот на времето придонеле до основањето на Друштвото во 1952 година. Според документот „ААМ-Хронологија“ од 2022 година достапен на веб страницата на Асоцијацијата (тука) се вели дека „првиот престедател на Друштвото бил Сотир Томовски, еден од само петте архитекти кој работеле во Македонија пред војната“. Дополнително, во натписот „Првите архитекти во Македонија“ на поратлот МАрх (тука) се вели дека „се трганло во архитектонска авантура само со тројца предвоени архитекти (Сотир Томовски, Иван Артемушкин, Михо Чакеља) и еден архитект без практика (Борис Чипан, дипломиран 1941 година во окупираниот Белград).“

Сотир Томовски
Земјаќи ги ваквите бројки од пет архитекти пред Втората светска војна и четири по завршувањето на истата се поставува прашање кои биле тие архитекти коишто во периодот од 1945 до 1952 година создале доволна критична маса за да се основа Друштвото на архитектите на Народна Република Македонија. Веројатно најдобриот одговор на ова прашање може да се добие до колку се уште постои копија од основачкото собрание на Друштвото со листа на сите присатни, во спротивно може само да предпоставува.
Дел од одговорот веројатно и лежи во предавњата на доц. д-р Мелита Чавловиќ од Архитектонскиот факултет во Загреб и на доц. д-р. Верица Ристиќ од Архитекнскиот факултет во Белград по повод 75-от јубилеј на Архитектонскиот факултет во Скопје, а во кој не подсетија на придонесот на архитектите од Хрватска и Србија во Народна Република Македонија во периодот по Втората светска војна.

Гледано од временски аспект само дојдените колеги од другите републики на Народна Деферативна Република Југославија и дипломираните студенти на првите повоени генерации од Универзитетите на Белград, Загреб и Љубљана или на други универзитети надвор од земјата можеле да се стекнат со дипломи пред 26 јуни 1952 година кога биле основано Друштвото на архитектите на НРМ во Скопје.
Наспроти погорните наводи од ААМ и МАрх, првата книга на проф. Георги Константиновски „Градителите на Македонија, XVIII-XX век“ на страна 254 посветена на „Проектанстското претпријатие за Македонија – Проектант“ дава нешто поинаква слика за бројот на архитектите во овој период. Според истата, проектантската активност во земјата отпочнала веднаш по ослободувањето кога во 1945 година била формирано Архитектонското одделение при Министерството за градежништво во Скопје, а чиишто прв министер бил инженерот Ѓорѓи Василев. Ова одделение работело само во перидот од 1945 до 1946 година, а во неговиот состав се наоѓале еден градежен инженер (Иван Артемушкин), шест архитекти (Јан Дубови, Сотир Томоски, Михо Чакеља, Егон Штајман, Драган Петриќ и Борис Чипан) и два кандидати архитекти (се предпоставува апсолевенти на архитектура – Драган Томовски и Лазар Христов).

Сотир Томовски, Женска гимназија, Скопје
Архитектонското одделение при Министерството за градежништво во Скопје во 1946 година се трансформирало првин во Проектантско претпријатие „Пробиро“, а потоа и во „Проектанстското претпријатие за Македонија – Проектант“. Спроред проф. Константинивски во ова претпријатие како активни проектани од 1948 година барем до 1951 година се јавуваат тринаесет лица, градежен инженер (Глигорије Савовиќ), девет архитектите (Александар Жупан, Славко Леви, Борис Петровиќ, Елена Бомбол, Славко Брезовски, Душан Пецовски, Братислав Корженски, Александар Серафимовски и Ристо Шеќерински), еден кандидат архитект (Дончо Минчев) и два архитектонски техничари (Петар Терзијановски и Перо Десовски). На нив во 1952 година им се придружиле уште пет архитекти (Љубе Пота, Љубинка Маленкова, Петко Јосифовски, Љубомир Ушински и Јанко Константинов), но нема информации да се утвдри дали и кои од нив дипломирале пред основањето на Друштвото на архитектите на НРМ.
Така, до колку се иземат инженерите, кандидатите архитекти и архитектонските техничари произлегува дека до почетокот на 1952 година во Народна Република Македонија имало барем околу петнаесет архитекти (Јан Дубови, Сотир Томоски, Михо Чакеља, Егон Штајман, Драган Петриќ и Борис Чипан, Александар Жупан, Славко Леви, Борис Петровиќ, Елена Бомбол, Славко Брезовски, Душан Пецовски, Братислав Корженски, Александар Серафимовски и Ристо Шеќерински).

прослава по повод јубилејот „100 години од раѓањето на Борис Чипан“, Охрид
Значењето на градежништвото како стопанска гранка и архитектурата како нејзин нераскинлив дел било евиденто и во новоформираната Федерална единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија (претходницата на НРМ и ФНРЈ) каде веќе во декември 1944 година било донесено решение за отворање на средно техничко училиште во Скопје. Ова се случило околу 20 години по формирањето на Одборот на Здружението на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје за разгледување на можностите за основање на средно техничко училиште во Скопје во 1924 година. За жал за сега нема достапни информации за тоа каков бил исходот од оваа иницијатива на Секцијата Скопје, но во некои од предвоените весници може да се прочита и по некој оглас за вечерен курс за техничари во Скопје.
Веќе во јуни 1946 година бил донесен Времен Правилник за полагање на Матурски испит при Државното средно техническо училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје во учебната 1946 година преку кои требало да се проверат знаењата на кандидатите коишто имаат завршено VII клас на бившото Бугарско техничко училиште во Битола и на други средно технички училишта и тоа во три оддели: електро-технички, градежен и машински. Ова укажува дека веројатно во текот на Втората светска војна постоело Буграско техничко училиште во Битола за кое нема многу достапни информации. Дополнително со Решението од декември 1950 година од школската 1950/1951 година средните стручни училишта преминале на четиригодишно школување вклучително со средно-техничкото, што укажуава на фактот дека најверојатно пред тоа наставата во истите била до трогодишна. Определбата за развивање на средно-техничкото образование е значајна како од аспект на сознавање на потребните техничари за потребите на стопанството така и од аспект на создавање на дополнителни потенцијални идни студенти на високо образовните институции во земјата.

Веќе во април 1945 година било донесено овластување за донесување на закон за Универзитетот во Скопје, како и уредби за високите школи и академии, а во јануари 1949 година бил донесен и Законот за Универзитетот во Скопје во чиишто состав ќе бидат три факултети: Филозофски, Медицински и Земјоделско-шумарски. Во септември 1950 година била издадена и Уредба за оснивање на Технички факултет во Скопје со два одсека: градежен и архитектонски, иако наставата на двата одсека веќе одпочнала кон крајот на 1949 година.
Во однос на образованието веројатно е интересна Уредбата од април 1945 година за непризанавње на дипломите, испитите и семестрите добиени на универзитетите и високите школи за време на окупацијата освен до колку специјална образовна комисија не утврдат основа за признавње на нивната валдиност по што признаените дипломи ќе им се заменат со нови. Подоцна сличнии урдеби биле донесени и за другите видови образование стечени во периодот на окупацијата.
Веќе во април 1945 година Президиумот на АСНОМ донел Повелба со која се дало право на Удружението на инженерите и техничарите во Македонија со своите членови да може да врши проектирање и изведба на сите приватни технички работи, со кое веројатно посредно е и призането ова Удружение со потекло од март 1920 година кога во Скопје била основано Здружението на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје, претходник на денешната Инженрерска институција на Македонија. Президиумот на АСНОМ дополнително го овластил Удружението да изготви правилник за работа и распеделба на добиениот надомест за извршените приватни технички работи но со обврска дел од надоместот да се вложува во „Фондот за обновуење на Македонија“.

Гледано од историска гледена точка значењето на инженерите и архитектите во развојот на архитектонската професија е исклучително големо со оглед дека барем на нашите простори разликите помеѓу инженерите и архитектите почнале да се нагласуваат особено по земјотресот во Скопје од 26 јули 1963 година и воведеувањето на прописи за асеизмичка градба. До тогаш разграничувањето помеѓу професиите не било толку јасно издиференциран особено кога се станува збор за проектирање на објекти од ивисокоградба. Како резултата на ова вакви објекти во минатото биле проектирани и од архитекти, и од инженери, и од воени инженери, и од градежници, па дури и од студенти по музика каков што се сличајот на познатиот композитор Стефан Гајдов кој во 1928 година ја испроектирал куќата на Лазар Глушков во Велес (тука).

куќата на Лазар Глушков во Велес
Од тука обидите да се идентифицираат проектантите и архитектите од минатото треба пошироко да гледаат на можната кохорта на потенцијални проектанти на објекти. Гледано од овој аспект, досегашните истражувања на авторот укажуваат дека до 2 август 1944 година над 100 инженери и архитекти родени во минатото на територијата на денешна Северна Македонија се имаат стекнано со високо образование во својата струка. За жал, како и сега, повеќето од нив се чини дека ја побарале својата иднина и го дале својот придонес надвор од денешната територија на Северна Македонија во соседните држави и тоа воглавно во Србија, Романија и Бугарија.
Од тука бројот на архитекти родени на територијата на денешна Севрна Македонија, а коишто го оформиле своето виско обрзование пред 2 август 1944 година е значително поголем од оние прикажани на почетокот од овој текст, но за жал за нив многу малку се знае досега и покрај исклучителните придонеси на некои од нив во другите средии на Балканот.
Напомена: При изработката на текстот покрај цитираните извори се користени и Служебите весници на Федерална единица Македонија во Демократска и Федеративна Југославија, Службените весници на Народна Република Македонија, како и историски весници достапни преку Универзитетската библиотека „Светозар Марковиќ“ во Белград.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија