Насловна / Вести / Вмрежување на македонски организации кои се занимаваат со урбан велосипедизам

Вмрежување на македонски организации кои се занимаваат со урбан велосипедизам

Во последните години, урбаниот велосипедизам во Македонија добива сè поголемо внимание. Се зголемува бројот на велосипедски патеки и ленти, се нудат субвенции за велосипеди, а сè почесто се организираат настани за промоција на оваа еколошка и здрава форма на урбана мобилност.

Градоначалниците покажуваат сè поголем интерес за потребите на велосипедистите – тренд кој се очекува да продолжи и по претстојните локални избори.

За да го поддржи овој позитивен развој, Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ од Скопје организира средба за вмрежување на организации, иницијативи и поединци активни во областа на урбаниот велосипедизам.

Настанот ќе се одржи на 26 јуни 2025 година (четврток), од 09:30 до 15:00 часот, во Младинскиот центар Матично, во Скопје. Целта е заедничко запознавање, размена на искуства и идеи, како и поставување основа за идна соработка и координирано делување.

Сите заинтересирани можат да се пријават или добијат дополнителни информации преку: [email protected]

Испрати коментар

Scroll To Top