Насловна / Арт и дизајн / Македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024 во Чифте амам

Македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024 во Чифте амам

На 19.06.2025, четврток, во 20:30 часот во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе се отвори и промовира за македонската јавност – македонскиот павилјон на 60. меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024, т.е. проектот Inter Spem et Metum на уметничката Славица Јанешлиева.

Не соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура, самокритика, заради наметнатите очекувања.

Сепак, да се биде различен носи потенцијал и за трансформација.  Исто како и во природната селекција, мутацијата ја зголемува веројатноста дека ќе се случи или неуспех во адаптацијата или дека се појавила нова варијанта која е посупериорна од она што било претходно.

Или некој би можел да ја објасни трансформативната моќ на различното како што произлегува од психолошката болка и страдање кои се различни причини од кои може да се црпи инспирација и мотивација за издигнување над осудата и острацизмот што различноста од другите ги предизвикува.

Проектот ќе биде поставен во Чифте амам до 31 јули, а куратор на проектот е д-р Ана Франговска.

Испрати коментар

Scroll To Top