Насловна / Вести / Пилот проект за агросолари во Словенија

Пилот проект за агросолари во Словенија

Агроволтаиката, позната и како агросолар, станува се попопуларен начин на производство на електрична енергија. Земјоделското производство, со истовремено производство на електрична енергија има двојна предност. Со поставување на панели на висока метална конструкција и на одредено растојание, не се узурпира земјиштето погодно за земјоделско производство или пасење на стоката, додека соларните панели истовремено ги штитат земјоделските култури од временски непогоди.

Според Правилникот за агросолари кој во Словенија е во фаза на подготовка, на земјоделско земјиште фотонаонските панели се дозволени само на носачи и на површини на кои расте брусница, боровница, малини, капини, како и ниски стебла односно јаболки и круши. Неодамна е покренат пилот проект од страна на надлежното Министерство, со поставување на 208 фотонапонски модули недалеку од Љубљана, на земјиште каде истовремено се одгледува јаболко.

Главните предизвици во проектирањето на оваа агросоларна електрана се однесуваат на усогласувањето на агрономските потреби на јаболкото (осветлување, провтрување, пристап за обработка) и техничките услови потребни за оптимална работа на фотонапонскиот систем. Важен аспект е и заштитата на овошките од пролетниот мраз. Резултатите од овој проект ќе овозможат подобра подготовка на споменатиот Правилник, како и дефинирање на клучните насоки за понатамошен развој на оваа област во земјата.

Инаку, во регионов, Србија веќе има изградено и пуштено во работа вакви електрани. Во Црна Гора се развиваат два вакви проекти.

 

Испрати коментар

Scroll To Top