Согласно одлуката за распишување на избори во Комората за мандатен период 2025-2029 година, донесена од страна на Собранието на Комората, на 21.03.2025 година, како и одлуката донесена од Собранието на КОАИ на 30.04.2025 година, именуваните членови на ЦИК на 5.6.2025 година, ја одржаа својата седумаесетта седница на која единствена точка на дневен ред беше потврдување на конечната листа на прифатени номинации.
Листата на прифатени номинации пристигнати по првиот (10(12).03.2025 година), дополнителниот повик (27.03.2025 година) и можноста за корегирани номинации и номинации по основ на ажурирани податоци доставена до членовите на КОАИ на 28.05.2025 година, можете да ја погледнете на веб страницата на Комората, на линкот подолу ->
Информација за прифатени номинации -> www.komoraoai.mk
Согласно утврдениот термин план и овој список на прифатени номинации по одделенија и региони, ќе се организираат избори за делегати во Собранието на Комората денес, среда, 11.06.2025 година, со времетраење од 9:00 до 15:00 часот.

За потсетување, како што беше наведено во претходните објави, изборите ќе се спроведат електронски преку алатката ElectionRunner.
Емаил пораки за гласање ќе бидат пратени до сите активни членови на Комората денес, 11.6.2025 година, 9:00 часот, и линковите за гласање ќе бидат активни до 15:00 часот. За активни членови ќе бидат земени во предвид сите членови на Комората уплатиле чланарина најдоцна до 10.6.2025 година, до 12:00 часот.
Гласањето ќе биде спроведено на тој начин што во емаил пораката кај секој активен член, во зависност од матичното одделение и регионалната припадност, ќе биде пратена соодветна листа на кандидати за делегати во Собранието на Комората со мандатен период 2025-2029. Во пораката ќе биде индицирано колку делегати треба да се изберат за конкретното одделение од конкретниот регион.
Централната Изборна Комисија ќе заседава за време на гласањето и ви стои на располагање за евентуални технички проблеми при гласањето.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија