Насловна / Вести / Судирот меѓу Трамп и Маск, закана за мисиите на НАСА

Судирот меѓу Трамп и Маск, закана за мисиите на НАСА

Судирот помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск, поради законот за потрошувачка, ја интензивира неизвесноста околу иднината на буџетот на НАСА, кој се соочува со големи кратења. Вселенската агенција објави дека барањето за одобрување на буџетот е пратено во Конгресот, со кое финансирањето на научните проекти се намалува речиси за половина. Имено, 40 научни мисии, кои или се во развој или веќе се реализираат во вселената, се на пат да бидат запрени.

Трамп се закани дека ќе ги повлече федералните договори со компанијата на Маск, Space X. НАСА се потпира на ракетите Falcon 9, токму на компанијата на Маск, за снабдување на Меѓународната вселенска станица со екипаж и залихи. Но, освен со овој проблем, НАСА е засегната и со значајните кратења на буџетот кои веќе се побарани од страна на Белата куќа. Сите сектори се предмет на заштеди, освен проектот за испраќање на астронаути на Марс.

 

Испрати коментар

Scroll To Top