Насловна / Вести / Зачестени сајбер напади врз енергетската инфраструктура во Европа

Зачестени сајбер напади врз енергетската инфраструктура во Европа

Сајбер нападите врз критичната енергетска инфраструтура ширум Европа стануваат се позачестени, па така од 2022 година, во Балтичкото море се забележани најмалку шест сомнителни инциденти врз подморските електрични и интернет кабли, додека 11 такви кабли биле онеспособени во текот на 2023 годна. Токму затоа, здружението WindEurope активно ја зајакнува соработката со институциите надлежни за обдрана, со цел заедно да се одговори на безбедносните предизвици. На годишниот собир WindEurope 2025, одржан во Копенхаген, забележано е најголемо учество на претставници од секторот одбрана, вклучувајќи ги тука НАТО, Европската одбранбена агенција (EDA) и различни национални воени организации.

Една од клучните иницијативи е проектот Symbiosis, кој има за цел да ги усклади offshore ветерните паркови со одбранбените активности на државите. Со вградување на сензори и радарски системи во ветерните паркови, можно е да се подобри надзорот над поморските територии и да се превенираат сајбер напади и други закани. Новата ЕУ Директива за мрежни и информациски системи (NIS2), ги проширува обврските во однос на сајбер безбедноста на 18 сектори, вклучувајќи ја и енергетиката. Во подготовка се и посебни правила за електроенергетскиот сектор, кодекс за сајбер безбедност, како и национални стратегии за заштита на обновливите извори на енергија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top