Насловна / Архитектура / BIG и ICON во Тексас работат на најголемата 3Д печатена заедница во светот

BIG и ICON во Тексас работат на најголемата 3Д печатена заедница во светот

ICON и Bjarke Ingels Group (BIG) ќе ја направат најголемата 3Д печатена заедница во светот. Во соработка со хотелиерката Лиз Ламберт повторно ќе го осмислат кампот El Cosmico во Марфа, Тексас.

2

Гостите на овој камп имаат на располагање преуредени приколки и сафари шатори, а сега се планира изградба на 3Д печатени куќи и хотели на 60 хектари пустина.

1

Лиз Ламберт вели дека со години имала желба на гостите и на локалните жители да им понуди базен, спа и простори за уметнички работилници и развој на различни вештини. Сега тоа ќе и го овозможат одличните архитекти и новата технологија. Кампот ќе има куполни структури кои ќе се вклопат во пустинскиот пејзаж.

3

Додава дека 3Д печатењето ги комбинира основите на градежништвото со технологијата на иднината и тоа на одржлив, побрз и поефикасен начин од стандардното градење.

4

Бјарке Ингелс истакнува дека начинот на кој Ламберт гледа на гостопримството во комбинација со минимализмот, културата и природата на ова поднебје целосно се вклопува со идниот изглед на кампот. Тој додава дека благодарение на боите и формата, кампот изгледа како да израснал од местото каде што се наоѓа.

6

Со овој проект, ICON ги поместува границите и создава куполи, лаци, сводови и параболични форми кои можат да се реализираат само со помош на 3Д печатење.

Авторите најавуваат дека во Остин ќе работат на првата 3Д печатена сцена во светот. Сцената ќе има кружно светло слично на ореол, а во позадина ќе има 3Д печатен закривен ѕид.

El Cosmico ќе се гради во 2024 година, а авторите размислуваат и за изградба на станови со пристапни цени во Марфа.

5

 

Испрати коментар

Scroll To Top