Насловна / Вести / Нов модел за собирање на комуналниот отпад во Загреб: Оној кој повеќе селектрира, плаќа помалку!

Нов модел за собирање на комуналниот отпад во Загреб: Оној кој повеќе селектрира, плаќа помалку!

Од почетокот на следниот месец, во Загреб стартуванов пристап во собирањето на комуналниот отпад. Целта е да се имплементира праведен модел според кој цената на услугата ќе боде поделена на фиксен и варијабилен дел, во согласност со Законот за управување со отпад. Фикниот дел од цената ќе изнесува 45 куни (6 евра), додека за варијабилниот дел граѓаните ќе плаќаат преку купување на официјални т.н ZG кеси, од по 10, 20 и 40 литри, со цена од 2, 4 и 8 куни.

cistoca1

cistoca2

Од надлежното комунално претпријатие истакнуваат дека станува збор за чесен и ефикасен систем на наплата на собирањето на комуналниот отпад. На овој начин граѓаните имаат активна улога во управувањето со отпадот. Во периодот до почетокот на функционирање на новиот модел ќе се спроведе информативна кампања, а за непридржување кон правилата предвидени се казни и за зградите и за поедниците.

cistoca3

 

Испрати коментар

Scroll To Top