На некои пазари, компанијата Ikea ќе ја испроба шемата “старо за ново“, во текот на ноември и декември, со цел намалување на загадувањето и давање на „нов живот“ на половниот мебел. Имено, шведската компанија најави дека во 27 земји, во периодот од 27 ноември до 3 декември, односно во време на предбожиќниот „црн петок“, ќе откупува половен мебел од сопствено производство, во замена за ваучери за купување во нивните продавници. Во зависност од состојбата во која се наоѓа половниот мебел, ќе се нуди попуст во вредност од 30 до 50%. Вака превземениот половен мебел, ќе има различна судбина. Мебелот кој е во добра состојба повторно ќе се нуди на продажба по посебни услови, дел ќе с едонира во проекти значајни за заедницата, а останатиот дел ќе се рециклира.



Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија