Насловна / Вести / Голем зелен ѕид – од едниот до другиот крај на Африка

Голем зелен ѕид – од едниот до другиот крај на Африка

Африканците кои многу ги чувствуваат последиците на климатските промени, сфтаиле што треба да прават и покренале неверојатна акција. Ќе направат „Голем зелен ѕид“, кој треба да се простира од Сенегал до Џибути.

aff1
За да се спречи ширењето на пустината Сахара, планот е да се подигне „ѕид од дрвја“, со ширина 15 и должина 9.775 километри, долж целата ширина на континентот. Кога ќе се заврши, тврдат упатените, тоа ќе биде најголема жива структура на планетата.
Климатските промени го направиле своето. Сахара незапирливо се шири, ја голта плодната земја и пасиштата во областа Сахел, па така луѓето се приморани да се иселуваат од тоа подрачје. Во тоа подрачје од земјоделие и сточарство живее повеќе од 70 отсто од населението. Ширењето на пустината ги приморало да тргнат понатаму на југ со својата стока.
Локалната жителка Фула вели: „Нема веќе храна за животните. Доколку нешто не се промени, ќе мораме да тргнеме понатаму и побараме трева за стоката, од неа живееме“.
Ниту едно прашање не е поважно отколку состојбата во субсахарска Африка, каде што околу 500 милиони луѓе живеат на копно што подлежи на опустинување , најекстремна форма на деградазија на земјиштето.
Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) помогна во оваа борба за Африка и ги свика лидерите на земјите во седиштето на Конвенцијата на Обединетите нации за борба против опустинувањето во Бон, Германија, во февруари 2011 година. Светската банка и другите организации фокусирани на глобалниот развој и животната средина обезбедуваат финансиска и техничка поддршка.

афф
Процесот на садње е бавен и скап. Многу стебла кои се засадени во последниве неколку години веќе се исушиле поради климатските услови. Со намера да помогне, белгијската асоцијација „Делување без граници“, воведува нова техника на садење, која би требало да биде поуспешна од досегашната.
Вернер Селс од таа асоцијација тврди дека и 80 стебла по хектар, колку има сега, се малку. „За да има ефект проектот, потребно е да се садат 300 до 400 стебла по хектар“, вели Селс.
„Големиот зелен ѕид“ почнува да известува за позитивни рани резултати. Буџетот од 2 милијарди долари за проектот, кој во голема мера се должи на кофинансирањето од Светската банка и партнерствата поттикнати од Африканската унија, ќе обезбеди земјите учеснички да имаат средства за да го завршат проектот до крај.

Борба за поплодна земја
Моктар Боцал Сал, владин службеник за заштита на животната средина, одговорен за проектот„Голем зелен ѕид“, вели дека регионот на Сахара се загрева 1.5 пати побрзо од остатокот на планетата.
„Резултатот е неплодна и деградирана земја, сиромаштија и глад. „Голем зелен ѕид“, би требало да го спречи се тоа и на луѓето да им ја врати вербата и надежта“,тврди Сал и потенцира дека тој проект не само што ќе ја направи земјата поплодна, туку ќе ја промени и микроклимата, која ќе го штити регионот од ширење на пустината.
Пустините на афричкиот континент завземаат повеќе од 40 отсто од територијата, а во блиска иднина, доколку работите не се сменат, би можеле да завземат повеќе од половина од територијата на Африка. До сега во реализација на „Голем зелен ѕид“, се вклучиле повеќе од 20 држави.

Испрати коментар

Scroll To Top