Насловна / Вести / Разгледајте го развојот на урбанизмот преку старите карти на Google Maps

Разгледајте го развојот на урбанизмот преку старите карти на Google Maps

Збирката мапи на американскиот колекционер David Rumsey, кој е чест гостин-предавач на Универзитетот Јеил, сега се достапни на платформите на Google Maps и Google Earth, што луѓето од целиот свет може да го погледнат изгледот на планетата во текот на нејзината историја.

google maps

Мапите ја покриваат Земјата од 1680 до 1930 година, а покрај 120 картографски цртежи, тие содржат и историски информации за следените места. Секоја мапа е во согласност со сателитските снимки на Земјата, така што без проблеми може да се движи низ светот и да се истражува историјата на планетата.

Актуелните мапи совршено се вклопуваат во вистинската географија на нашата планета, додека историските карти често погрешно ги претставуваат одредени географски контури, и се бара да се подложи на одредени промени со цел да се вклопат во Google Maps и Google Earth.

google maps1

Со оглед дека постои опција за подесување на транспарентност на старата мапа, можат да се откријат интересни информации за еволуцијата на планетата, вклучувајќи го и развојот на урбанизмот.

За да се истражуваат старите мапи на планетата Земја, мора прво бесплатно, да се преземе и инсталира, бидејќи оваа колекција Rumsey Historical Maps не е достапна во онлајн верзија на сајтот.

 

Испрати коментар

Scroll To Top