Насловна / Архитектура / Најголемиот облакодер во западна Европа ќе никне во мал дански град

Најголемиот облакодер во западна Европа ќе никне во мал дански град

Во план е изградба на кулата Tower & Village која доколку биде завршена ќе стане највисока зграда во западна Европа со височина од 320 метри. Ово облакодер доби дозвола за градење, а за проектот е задолжена Dorte Mandrup, позната данска архитектка. Локацијата е изненадување за многумина, бидејќи не станува збор ниту за една европска метропола, туку за малиот град Brande во Данска.  Во однос на моментално највисоката градба  Shard во овој дел на Европа, може да се каже дека новата зграда ќе ја надмине за 10 метри. Кога ќе се спореди пак со највисоката зграда во источниот дела на Европа, сепак ќе биде значително пониска од Lakhta Center во Русија чија височина е 462m. Кулата ќе биде тесна и ќе ја карактеризира правоаголна форма, изведена во стакло и челик. Во подножјето ќе се наоѓаат низа ниски и средни по височина објекти прекриени со зелени покриви. Облакодерот ќе биде седиште на модниот бренд Bestseller, кој потекнува токму од ова место. Од оваа компанија велат дека кулата ќе стане обележје на градот и ќе претставува ориентир за сите посетители. Се надеваат дека оваа архитектонска атракција ќе привлече и поголем број на туристи. Имајќи во предвид дека проектот е сеуште во рана фаза, засега нема многу информации, но познато е дека ќе биде во согласност во стандардите за зелена градба.

 

t&v1

t&v2

t&v3

t&v4

t&v5

Испрати коментар

Scroll To Top