Насловна / Архитектура / Музеј од дрвени греди во Турција

Музеј од дрвени греди во Турција

Славниот јапонски архитект Кенго Кум го има испроектирано Музејот на модерна и современа уметност на северот на Турција, а неговото отворање е закажано за јуни оваа година.

1

Турскиот град Ескишехир наскоро ќе биде побогат за едно вистинско мало архитектонско чудо – Odunpazari Moredn Museum чиј дизајн е потпишан од Kengo Kuma and Associates. Музејот го има основано бизнисменот и колекционер Ерол Табан и во него ќе се најде богата збирка на работи кои се настанати од 1950 година па до денес.

4

Оваа дрвена конструкција со изгледот им оддава почит на локалната архитектура, особено на традиционалните отомански дрвени куќи на конзоли, како и историјата на овој град како трговски центар кој е клучен за дрвната индустрија. Се претпоставува дека музејот на крајот ќе стане архитектонски симбол на градот, а особено е важно да се нагласи дека зградата е дизајнирана да се формулира музејски плоштад, заедно со другите културни институции во регионот.

2

Музејот е поделен на три нивоа, почнувајќи од голем изложбен простор на приземјето, додека на другите катови има посебни простории за помалку работи. Атриумот во центарот на зградата визуелно ги поврзува различните сектори во внатрешноста, дозволувајќи природната светлина да блесне во зградата.

Програмата исто така ќе има неколку постојани поставувања, како и динамична јавна програма, вклучувајќи семинари, интервјуа со уметници и разни работилници.

3

5

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top