Во Музеј на град Скопје во понеделник, 12 ноември 2018 во 20:00 часот ќе се отвори изложба на фотографии на Станимир Неделковски „ РЕГИСТРАТУРА: актуелни состојби – инакви значења“.

Изложбата се состои од 50 фотографии кои за тема ја имаат состојбата на јавните споменици и спомен обележја кои обележуваат настани, личности и места поврзани со НОБ и работничкото движење во Скопје, подигнати во периодот 1945 – 1990.
Намерата е критички да се разгледа состојбата на овие споменици и да се презентира возбудлив фотографски есеј за нив.
![IMG_8554 [HD]](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2018/11/IMG_8554-HD.jpg)
![IMG_9048 [HD]](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2018/11/IMG_9048-HD.jpg)
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија