Во четврток (29 јуни), во хотел „Мериот“ од 11 часот на официјална церемонија ќе биде потпишан договорот за соработка помеѓу Меѓународната корпорација Фондацијата Saint-Gobain Initiatives и Хабитат Македонија, кој вклучува финансиска поддршка за проектот „Енергетска ефикасност за Здружението на пензионери во Кавадарци”.
Овој проект, според организаторите, ќе ги зајакне капацитетите и потенцијалите на корисниците на домот (пензионерите) како една од ранливите категории во Македонија, во насока на изградбата на кохезивно општество во кое борбата против сиромаштијата, социјалната исклученост и супстандардно домување ќе значат постоење на подобри шанси и можности за сите.