Насловна / Вести / Граѓанската иницијатива за стопирање на изградбата на новите рудници во југозападниот регион на Македонија се префрла и во струмичкиот регион

Граѓанската иницијатива за стопирање на изградбата на новите рудници во југозападниот регион на Македонија се префрла и во струмичкиот регион

Граѓанската иницијатива за стопирање на изградбата на новите рудници во југозападниот регион на Македонија се префрла и во струмичкиот регион. Во општина Босилово веќе има иницијатива на жителите да се организираат за референдум против изградбата на планираниот рудник за злато и бакар над селата Иловица и Штука.

околу струмица

Граѓаните и во Босилово, како и во Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран, најпрво ќе треба да соберат доволен број потписи за организирање референдум, по што Советот на општината ќе биде обврзан да организира референдум за или против планираниот рудник за злато на нивна територија.

Во наоѓалиштето за бакар и злато Иловица, утврдени се 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има околу 70 тони злато и 410 илјади тони бакар. Во рудникот ископ треба да се врши наредните 23 години, а во него ќе бидат вработени 400 лица.

Според Еуромакс ресорсис, компанијата што ги прави испитувањата на теренот, годишниот извоз би изнесувал 300 милиони долари, а целата инвестиција би чинела околу 500 милиони долари.

По успешниот референдум, општина Богданци и официјално ја повлече дадената согласност за изградба на рудникот Казандол. Оваа одлука е испратена до Владата и до надлежните министерства, кои ќе треба да ја донесат конечната одлука по веќе издаденото решение за експлоатација на компанијата Сардич за рудникот Казандол.

На 23 јули за овој рудник ќе се изјаснуваат и жителите на општина Дојран.

Во Валандово Советот на општината сѐ уште не донел одлука за распишување референдум и покрај собраните потписи од граѓаните. Од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ најавуваат нови протести и радикализирање на незадоволството. Во меѓувреме, инвеститорот „Сардич МЦ“ преку средби со граѓаните од регионот се обидува да им објасни дека новиот рудник нема да предизвика штетни последици по околината.

Испрати коментар

Scroll To Top