Насловна / Архитектура / Медитеранео, павилјон изграден од Мануел Бузас во чест на медитеранските платна

Медитеранео, павилјон изграден од Мануел Бузас во чест на медитеранските платна

Медитеранскиот павилјон, дело на Мануел Бузас за второто издание на TAC! Фестивалот на урбана архитектура е реинтерпретација на медитеранските платна што генерираат покриен простор преку игра на светлина и сенка, на плоштадот Лопез Чавари, во Валенсија. Плоштадот не е „планирана“ јавна површина – простор, туку се генерира како резултат на уривање на претходен станбен објект.

3-copy-0 2-copy-0 1-copy-0

Можеби тоа ги објаснува недостатоците на местото; недостатокот на сенка, мебел, вегетација и вода. Тоа е простор каде што луѓето минуваат, но не остануваат. На балконите од зградите што го опкружуваат може да се забележат бројни плакати од соседите кои бараат алтернативна иднина на плоштадот. Павилјонот беше домаќин на програма од вкупно дваесет активности, помеѓу 25 септември и 16 октомври 2023 година, организирани од градскиот совет на Валенсија и истражувачкиот центар Лас Навес.

Не случајно проектот доби престижна награда на фестивалот, бидејќи по неговата изградба градот Валенсија стана претпознатлив по тенденците за важноста од постоењето на креативен јавен простор наменет за продукција на иновации и благосостојба на корисниците.

Медитеранео е павилјон изграден од Мануел Бузас во чест на медитеранските платна, дизајнирани врз основа на идејата дека тие се повеќе од архитектонски елементи. Впрочем претставуваат културни симболи и одговараат на предизвиците од климатските промени во однос на користењето на јавните површини во лето. Оттука, проектот им оддава почит на овој преку акцентирање на хоризонталата, а во исто време решавајќи ги и недостатоците на местото; недостатокот на сенка, урбана опрема, вегетација и вода.

7-copy-0 5-copy-0 10-copy-0 8-copy-0

Лушпата е составена од два триаголни тремови. Кружниот отвор на покривот осветлува мала внатрешна градина, создадена со вегетација и почва од локалниот контекст. Целиот проект е изграден со прединдустриски, природни материјали и локална работна сила, што овозможува јаглеродниот отпечаток генериран со изградбата на павилјонот да биде минимален. На овој начин, дрвената структура нè поврзува со боровите шуми во Сорија, ролетните со градот Сакс, во Аликанте и камењата со каменоломите во Теруел, промовирајќи ја локалната економија на регионот во кој се наоѓа. Павилјонот е изграден со употреба на претходно склопени модули, со што се намалуваат трошоците, роковите и ризиците при изведба. За неговата деконструкција, во секое време се размислувало за рециклажа на неговите елементи: дрво што се враќа во индустријата, камења што се враќаат во каменоломот и ролетни кои би се донираат на заедницата на соседите.

11-copy-0 14-copy-0 13-copy-0

Медитеранео е своевидна почит кон медитеранските платна, механизам кој со векови им овозможува на јавните простори да се трансформираат и адаптираат, нудејќи ефикасно, едноставно и лесно решение за борбата против високите температури. Павилјонот е замислен како урбана обвивка, која наместо да штити еден сегмент, го покрива цел плоштад, а наместо зеден поединец, обединува цела една заедница.

19-copy-0 15-copy-0 16-copy-0

Проектот на архитектот Мануел Бузас беше победник на архитектонскиот конкурс на ова издание на ТАК , отворен за млади професионалци, на кој беа пријавени 125 проекти. Фестивалот за урбана архитектура е иницијатива промовирана од Генералниот секретаријат за урбана агенда и домување на Министерството за транспорт, мобилност и урбизам (МИТМА) и Фондацијата Aркиа, чија главна цел е да ги промовира современите архитектонски достигнувања во Шпанија.

20-copy-0 26 21-copy-0 25 22 23

Испрати коментар

Scroll To Top