Насловна / Арт и дизајн / ZooZoo, колекција нетипичен канцелариски мебел

ZooZoo, колекција нетипичен канцелариски мебел

Дизајнерката на ентериери Ени Ли ја креирала ZooZoo, колекција канцелариски мебел  за брендот Narbutas, која вклучува нетипично висока масичка за кафе и соодветна табуретка.

Изработена од мазна плоча и метална основа која може да се обои во која било посакувана боја, елегантната масичка за кафе на ZooZoo е со кружна форма и е достапна во две димензии.

6_resize

4_resize

Ли ја дизајнирала масата да биде повисока од типична масичка за кафе, поради тоа што често се одржуваат неформални деловни состаноци во просториите за одмор, за кои често е потребна соодветна работна површина.

„Стандардните маси за кафе не се погодни кога се користат на состаноци поради нивната мала висина“, објаснуваат од Narbutas.

3_resize

Колекцијата ZooZoo исто така вклучува серија шарени табуретки со перничиња за седиштата кои можат да бидат превслечени во широк избор на текстил.

1_resize

Дизајнирани да се сместуваат под масичките, табуретките вклучуваат и места за складирање каде што може да се сместат книги или други предмети.

„Благодарение на својата мултифункционалност, ZooZoo заштедува простор обезбедувајќи површина, седење и преграда за складирање во една единица“, велат Narbutas.

ZooZoo масите и табуретките доаѓаат во еднобојна или верзија во две бои, замислени да одговараат на широк спектар на стилови на ентериери.

5_resize

Испрати коментар

Scroll To Top