Насловна / Вести / 15 корпи за отпадоци за домашни миленичиња во Карпош

15 корпи за отпадоци за домашни миленичиња во Карпош

mapa kanti za milenicinja

Општина Карпош во соработка со невладината организација „Анима Мунди“ веќе има поставено 15 корпи за отпадоци стриктно наменети за домашни миленици, со графички приказ – пиктограм, за која точно намена се. Корпите за отпадоци се поставени на најфреквентните локации каде се шетаат милениците и тоа:
-Од CityMall до мостот Обединети нации, долж Партизанска,
– Наспроти Веро Тафталиџе кај зеленилото до улица Јуриј Гагарин,
– Кај Студентскиот дом Гоце Делчев
– Во Влае кај шетачката патека кон Кејот
-И во Карпош 2 во близината на Тинекс- маркетот.
Во наредниот период имаме намера ние како општина сами да поставиме дополнителна урбана опрема – вакви наменски корпи за отпадоци и фекалии од домашните миленичиња.

Испрати коментар

Scroll To Top