Насловна / Архитектура / 100 години од основањето на Инженерската институција на Македонија

100 години од основањето на Инженерската институција на Македонија

Во 2020 година се навршија 100 години од Инженерската институција на Македонија и требаше да се слави 100 годишнина од формирањето на првото здружение на инженери и архитекти во нашата држава, но поради случувањата со пандемијата, чествувањата по овој повод беа поместени за 2023 година. На 20 март оваа година се навршуваат 103 години од ова здружение значајно за македонските инженери. По тој повод во понеделник, 20 март во 19 часот во холот на Националната опера и балет ќе се одржи свечана програма.

Јубилејот, 100 години од основањето на македонско здружение на инженери и архитекти, се обележува под мотото „Еден век партнерство за одржлив развој“.

imi12

На свеченоста ќе говорат: Христина Спасевска, претседател на Инженерската институција на Македонија, Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Македонија и свое видео обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски.

Настанот ќе биде одбележан и со изложба фотографии – „Трага во бескрајот“ на архитект Ангел Ситновски и проследен со музички настап на Влтатко Стефановски.

Untitled-1

*****

На 21 март 1920 година во Скопје е одржано Првото годишно собрание на инженери и архитекти на скопската градежна дирекција на коешто е основано првото самостојно здружение на македонско тло, наречено Здружение на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје. Во писмото испратено на 29 март 1920 година до Главната управа во Белград и потпишано од потпретседателот на здружението, инженер Н. Ѓуриќ и секретарот, инженер С. Јевтовиќ, се предлага ова здружение да стане членка на Здружението на југословенските инженери и архитекти. На почетокот во него членуваат повеќе од 50 инженери како редовни членови, но можеа да членуваат и техничарите како вонредни членови.

image001

Двата архивски документи, добиени по официјален пат од Архивот на Република Србија, што го потврдуваат формирањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти се писмото за барање прием на Здружението на југословенските инженери и архитекти – Секција Скопје во Здружението на југословенските инженери и архитекти и Правилникот на здружението.

imi

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top