Насловна / Вести / 10 топлани во Србија ќе преминат на биомаса

10 топлани во Србија ќе преминат на биомаса

Се работи за дел од проектот „Развој на одржлив пазар за биоенергија во србија“, во вредност од 27 милиони евра, од кои 20 милиони евра се кредит од германската развојна банка kfW, 2 милиони евра безповратна помош од истата банка, а 5 милиони евра се помош од Владата на Швајцарија.

Serbia biomass

“Преминувањето на топланите на биомаса има повеќекратна корист за одржливиот развој на локалните заедници. Со купување на локален енергент, во овој случај биомаса, парите остануваат дома, а во синџирот на снабдување и користење се создаваат можности за отворање на нови работни места. Истовремено, сериозно се намалува загадувањето на животната средина“ изјавил советникот на проектот за германско – српска развојна соработка Рајнер Шелхас.

Првиот проект – преминување на биомаса е котларница која снабдува училиште, градинка, здравствен дом, културен центар и ојектите на општинската управа во Прибој, а ќе се реализира преку заедничко финансирање на локалната самоуправа и техничка поддршка од GIZ.

Serbia biomass 2

Serbia biomass 6

Државите членки на Европската унија, како што истакнуваат од GIZ, вложуваат средства во обновливи извори на енергија, што особено се однесува на шумската биомаса. Србија е обврзана до 2020 година да го зголему уделот од обновливи извори во енергетскиот микс на 27% од вкупната потрошувачка на енергија. Одржливото користење на биомасата значително допринесува за руралниот развој и намалување на емисиите на стакленички гасови.

Испрати коментар

Scroll To Top