Насловна / Дневни Вести / „Македонија проект“ работи на ентериерот за концертната сала на Филхармонијата

„Македонија проект“ работи на ентериерот за концертната сала на Филхармонијата

filharmonijathumb.jpgСкопје – „Македонија проект“ почна да го проектира и ентериерот на новата концертна сала на Македонската филхармонија, откако успешно го проектираше и нејзиниот надворешен изглед.

– Надворешната архитектура ќе биде основа за проектирање и на внатрешноста но, сепак, појдовна и клучна позиција за овој проект ќе претставува просторната акустика, елемент кој е од суштинско значење за улогата на институцијата, соопшти „Македонија проект“.

Тимот посетил неколку филхармонии и концертни сали во европските метрополи за да се запознае со поставеноста и структурата што произведува одлична акустика.
Од „Македонија проект“ информираат дека стилот на ентериерот ќе биде асоцијативен на надворешноста и ќе понуди за нијанса повеќе модернистички асоцијации.
Авторот на идејниот проект Виктор Михајлов изјави дека концертната сала ќе има капацитет од 900 седишта, површина од 1.120 метри квадратни, со функционална поделба на три нивоа за седење, итегрирани во целина. (МИА)

filharmonija.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top