Насловна / Архитектура / Животен простор и тропска шума во едно

Животен простор и тропска шума во едно

kucadrveca1

Архитектонското студио Vo Trong Nghia Architects во Виетнам осмисли како да се зачува природата од загадување на воздухот и да се потсети на прекрасните тропски шуми уништени од урбанизмот.

kucadrveca3

Имено, во градот Хошимин само 0,25 проценти од површината е покриена со зеленило, а со цел да се промени таквата состојба, овие архитекти го претставиле проектот House for Trees во кој покривите на куќите служат како тегли од кои растат тропски дрвја. Секоја куќа е различна, а интересна информација е како овој проект штити и од поплави за време на бурите.

Инаку, овој проект е добитник на категоријата „Дом“ на овогодишниот Светски фестивал на архитектурата во Сингапур (WAF), кој секоја есен собира архитекти, инвеститори и производители на материјали и технологии од цел свет.

kucadrveca2

Поточно, поставената земја ја апсорбира водата и на тој начин го спречува нејзиното истекување. Со сето ова, жителите на овие куќи уживаат во здравиот и романтичен амбиент.

kucadrveca6 kucadrveca5 kucadrveca4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top