Насловна / Вести / Живописен средновековен град кој „лежи“ на дијаманти

Живописен средновековен град кој „лежи“ на дијаманти

Од сивиот камен на Монтреал, па се до белиот варовник на Ерусалим, секој град има свој исконски идентитет кој му дава особен печат. Скенирајќи ја архитектурата на средниот век, конкретно на 1.100 години стариот германски град Nördlingen, преку домовите со дрвени рамки, крактеристичните црвени покрив и кривулестите улички, истражувачите откриле дека се работи за карактеристики кои се речиси идентични кај сите средновековни мали градови во Европа. Nördlingen се прославил со својата архитекрура со појавувањето во култниот Willy Wonka and the Chocolate Factory во 1971 година, но има еден друг куриозитет за ова место кој е многу изненадувачки. Имено, Nördlingen е буквално направен од дијаманти – милиони микроскопски дијаманти во темелите на градот кој е изграден врз кратер. Кратерот кој е широк 25 километри е формиран пред околу 15 милиони години, е резултат на судирот на астероид со овој регион во Баварија. Огромниот притсок резултирал во создавање на стакло, различни критали па дури и еден вид на дијаманти.

medevial city 2

medevial city 5

Некаде околу десеттиот век, започнале да се формираат првите населби во овој регион . Со векови граѓаните на Nördlingen верувале дека градот е лоциран на место на вулкански кратер, се додека во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, научниците не откриле дека се работи за влијание од судир со астероид, и дека околните карпи и целиот терен содржат околу 72.000 тони од конкретниот вид на дијамант. Дури и некои градби во местото се направени од овој материјал, како на пример локалната црква. Денес, овој град со околу 19.000 жители, е домаќин на неколку музеи, а за карактеристичниот материјал истражувачки интерес покажале и НАСА  и Европската вселенска агенција.

medevial city 4

Glasbombe aus dem Suevit (Flädle)

Испрати коментар

Scroll To Top