Насловна / Архитектура / Жив и динамичен објект

Жив и динамичен објект

vienski univerzitet_04

Овој нов проект на одделението за администрација и право е дел од развојната политика на кампусот на Универзитетот во Виена, кој е во тек. За проектот се одговорни архитекти од австриското студио CRAB.

Резултатот е жив и динамичен објект, кој се состои од простори, кои ги задоволуваат потребите на учениците и наставниците во текот на наставата, но и надвор од училишните активности.

vienski univerzitet_01

Проектот се состои од два издолжени објекти, кои го врамуваат централниот плоштад, поврзувајќи ги просторите и урбаниот пејзаж.

Светлите и силно обоени фасади го создаваат  колоритот на дизајнот, додека вертикалните ролетни направени од дрво ги штитат внатрешните простори од прекумерно сончево зрачење, истовремено вклопувајќи се во шумската околина.

vienski univerzitet_02

Различните нивоа како да излегуваат едни од други, формирајќи надворешни и кровни тераси, каде што студентите и наставниците можат да се состануваат, разговораат и дебатираат.

vienski univerzitet_06

vienski univerzitet_08

Исто така, се планира со текот на времето структурата да обрасне во густа вегетација, и на тој начин уште повеќе да се вклопи во животната средина.

vienski univerzitet_10 vienski univerzitet_11 vienski univerzitet_12 vienski univerzitet_13

Испрати коментар

Scroll To Top