Насловна / Арт и дизајн / „Жените од Алжир“ на Пикасо ќе биде понудена за 140 милиони долари!

„Жените од Алжир“ на Пикасо ќе биде понудена за 140 милиони долари!

pikaso

Сликата на славниот Пабло Пикасо „Жените од Алжир (верзија О)“ се очекува во Њујорк да се појави на аукција на која ќе биде понудена/продадена за околу 140 милиони долари. Акционерската куќа „Кристи“ соопшти дека ќе ја понудат сликата на анонимен продавач, што би можело да стане најголемата досегашна цена за уметничко дело на аукција.

Сегашниот рекорд беше поставен во септември 2013 година кога познатиот триптих на Френсис Бекон „Три студии на Лусијан Фројд“ бил продаден за 142,4 милиони долари. Почетната цена за ова дело била 85 милиони долари.

„Жените од Алжир (верзија О)“ на Пикасо претставува колоритна и динамична слика во која се претставени неколку скудно облечени жени. Таа е дел од серија составена од 15 работни слики создадени од уметникот во периодот 1954 – 1955 година.

Делото ќе биде понудено на аукција со група од дваесетина други поголеми дела од 20 век, како дел од самостојна продажба наречена „Гледајќи напред кон минатото“. Од акционерската куќа велат дека колекционерот се стекнал со делото на Пикасо во њујоршката аукциска куќа во 1997 година за 31,9 милиони долари.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top