Насловна / Архитектура / Железничкa станицa во Јапонија изградена околу 700 години старо дрво

Железничкa станицa во Јапонија изградена околу 700 години старо дрво

Јапонскотo почитување на природата длабоко е вкоренето во нивните традиции. Ако се уште има некој што се сомнева во овој факт, овој проект сигурно ќе го увери. Имено, железничката станица „Кајашима“ во Осака е изградена околу големото дрво камфор, кое се наоѓа на ова место повеќе од 700 години, и ни малку не е нарушено.

Станицата Кајашима била отворена во 1910 година, и во тоа време била изградена во близина на ова дрво. Сепак, како што населението на Осака се зголемувало, било потребно да се зголеми капацитетот на станицата, што подразбирало нејзино проширување и тоа токму на страната каде што дрвото се наоѓа.јапонска станица (3)

Како што пренесува Spoon and Tamago, планот за проширување на станицата од 1972 година, кој бил одобрен, подразбирал и сечење на ова дрво.

Меѓутоа, локалното население не сакало толку лесно да се откаже од дрвото за кое многу жители сметаат дека е свето, и дека „оној што ќе го исече, ќе го следи голема несреќа“.јапонска станица (2)

Под притисок на јавноста, градските татковци биле принудени да го задржат дрвото во живот, а новото проектно решение подразбира и изградба на една таква платформа која ќе има голем отвор на покривот низ кој крошната ќе може да дојде до светлина. Станицата е изградена во 1980 година, а во близина на дрвото е подигнато и мало светилиште. За секој случај.јапонска станица (1)

Дрвото во подножјето е оградено со стаклен ѕид за да случајно не биде оштетено.јапонска станица (4) јапонска станица (5)

Испрати коментар

Scroll To Top