Насловна / Вести / Зградата кај „Сава Крањ“ со нова фасада, бои и изглед

Зградата кај „Сава Крањ“ со нова фасада, бои и изглед

zernovski sava kranj (2)

Зградата на улицата „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, кај „Сава Крањ“, изградена во 1959 година, и за 40-тина дена ќе добие нов лик, нова енергетски ефикасна фасада, за чиј изглед и боја разговараа станарите, градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и надлежните во општината.

За бојата, повеќе мислења и предлози, но главно жителите сакаат живи бои со белата боја како основа. Наредната недела ќе падне и конечниот договор.

Она што е основен принцип во фасадите кои ги поставува општина Центар е задржување на автентичниот изглед на зградата, граѓаните сами да одлучат, а не некој од општината за изгледот и бојата на фасадата на зградата во која што живеат.

„Разговарав со станарите кои живеат во згади со нови енергетски фасади. Тие велат дека сметките за струја се пониски за 30% – 33%, а разликата во становите е од 5 до 6 степени“, рече Жерновски.

На барање на станарите, инвеститорот ќе ги бојадиса и надворешните врати, а општината ќе постави поголеми олуци. На овој потег ќе се изгради ново детско игралиште, со современи реквизити и гумен под поради безбедноста на децата, иако тој ќе чини колку реквизитите. Ова ќе биде по европски стандарди бидејќи досегашните подови на игралиштата беа извор на бактерии.zernovski sava kranj

„Оваа зграда има посебна историја, таа е единствената зграда каде е прекинат низот на градскиот ѕид. И Кензо Танге констатирал дека оваа зграда треба да остане. И со ова треба да ја знаете вредноста на Вашата зграда“, им рече Жерновски на станарите.

Оваа осма енерегетски-ефикасна фасада која што ја прави општина Центар исто така е дел од амбициозниот проект „Работно Лето 2015“. Веднаш по зградата на „Мито Хаџивасилев – Јасмин“, ќе се фасадираат и зградите на улицата „Владимир Полежаноски“ бр. 19 (поранешна „Иван Милутиновиќ“) и на булеварот „Илинден“ бр. 83.

Испрати коментар

Scroll To Top