Насловна / Вести / Земјотрес во северна Албанија

Земјотрес во северна Албанија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, изутринава регистрирала земјотрес со епицентар во соседна Албанија.staticmap

Потресот се случил во 6.08 часот со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил почувствуван и во северозападните делови од земјава со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.

Серија потреси биле забележани и во Грција, но со двојно послаб интензитет.

Испрати коментар

Scroll To Top