Насловна / Архитектура / „Зелено“ детско село за сиромашни деца во Бразил

„Зелено“ детско село за сиромашни деца во Бразил

Се работи за уникатно училиште во Бразил кое е прогласено за најдобро на светот. Комплексот „Детско село“ како што се нарекува овој објект, е сместен во дождовните шуми на северот на Бразил. Во околината на комплексот се наоѓаат шуми, кои пружаат природна свежина од тропските горештини на подрачјето каде што температурата може да достигне 40 степени Целзиусови. Комплексот е предвиден како дом за сиромашни деца. Имено, 540-те деца имаат свој покрив над глава во новите спални соби и три големи дворови. Се простира на огромна површина и поделен е на два дела: еден за девојчиња и еден за момчиња. Освен  спални и училници има и повеќе простории за социјални настани. Оваа градба која ги доби сите пофалби поради своето „скромно херојство“, е дело на Алеф Зеро и Розенбаум. Зелената зграда ја освои меѓународната награда RIBA за 2018 година, која ја доделува Кралскиот институт на британските архитекти. Идејното решение за објектот, архитектите го осмислиле заедно со децата од училиштето, со намера да им го олеснат и подобрат квалитетот на животот.

Brazil1

fazenda canuanã

Brazil4

Brazil5

Испрати коментар

Scroll To Top