Насловна / Вести / „Зелените“ со најдобри досега резултати на изборите за Европскиот парламент

„Зелените“ со најдобри досега резултати на изборите за Европскиот парламент

„Зелените“  ги остварија своите најдобри резултати на последните избори за Европскиот парламент, благодарение на фактот што голем број од граѓаните го препознале нивниот „повик за климатска акција“.Greens/EFA group, има 20 места повеќе отколку досега, со што станува четврта сила во оваа институција. „Зелените“ забележаа одлични резултати во повеќе земји членки, но не и во Југоисточна и Средна Европа. Во Германија, тие се појавија како втора најјака партија (22%) веднаш зад CDU на канцеларката Меркел (28%).

„Зелените“ се залагаат за целосно напуштање на јагленот и другите фосилни горива до 2030 година, како и за повлекување на приватните и јавните фондови од финансирање на проекти во областа на фосилните горива.  Исто така, тие повикуваат и на итна транзиција кон јаглеродно неутрална кружна економија преку т.н  Green New Deal. Владеењето на правото и хуманиот пристап кон проблемот со миграцијата се исто така на врвот на нивните приоритети.

greens1

greens2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top