Насловна / Вести / Зелена фасада која генерира електрична енергија

Зелена фасада која генерира електрична енергија

Fasada koja proizveduva struja

Студентката Елена Митрофанова, во соработка со биохемичарот Паоло Бомбели, креирала предлог за фасада која ќе генерира електрична енергија од билки. Модуларниот облик на фасадата со серија дупки содржи мов преку кој се генерира електричната енергија. Ова решение, според авторите е многу поевтино и поодржливо во споредба со веќе стандардните фасади со фотоволтаици.

Fasada koja proizveduva struja1

Системот е способен да произведува електрична енергија благодарение на еден тип бактерија која живее во мовта. При фотосинтеза, бактеријата се храни со продуктите на процесот, така што нив ги разградува на бројни биопродукти, меѓу кои се и слободните електрони.

Fasada koja proizveduva struja2

Мовта е засадена во „почва“ која се состои од хидрогел и карбонски влакна кои ги привлекуваат електроните односно имаат улога на анода. Прототипот засега обезбедува скромна количина на енергија, но со подобрување на ефикасноста може да најде примена за покривање на дел од потребите за осветлување на еден објект.

fasada koja proizveduva struja3

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top