Насловна / Вести / Заврши целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Пеображение“ во прилепско Зрзе

Заврши целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Пеображение“ во прилепско Зрзе

По неколкугодишни градежни зафати заврши целосната реконструкција на манастирскиот комплекс „Св. Преображение“ во прилепско Зрзе.

Во изминатиот период реализирани се  зафати за ревитализација на монашкиот и изградба на владички конак, возобновена е иконописната работилница, обезбедени се услови за копаничарска дејност на монасите во едно од најубавите македонски светилишта и заштитен споменик на културата, манастирскиот комплекс „Св. Преображение“.

Се реконструираше и возобнови монашкиот и владичкиот конак на површина од 1.300 м2.zrze prilep_1

За комплетните зафати во овој еден од најубавите манастирски комплекси во земјава, ресорното министерство одвоило 1.5 милиони евра, со напомена дека во меѓувреме беа инвестирани 1,6 милиони евра и за целосна обнова и и асфалтирање на 7,5 км пат кој води до конаците, како еден од клучните сегменти за непречен развој на манастирскиот туризам во земјава.

zrze prilep_2

На градежните работи на конаците претходеа 1,5-годишни археолошки истражувања, кои откриле дека овој манастир не датира од 14-от век, како што првично се мислело, туку од 9-от век, што на ова светилиште му дава уште поголемо историско значење за ширењето на христијанството на овие простори.

Испрати коментар

Scroll To Top