Насловна / Вести / Затворено градилиштето на „Настел“ во Центар

Затворено градилиштето на „Настел“ во Центар

azmanovГрадежната инспекција на Општина Центар денеска со решение го затвори градилиштето на фирмата „Настел“ на бизнисменот Зоран Азманов поради огромната јама која што е ископана, а не заштитена. Пропадна и улицата „8-ма Ударна Бригада“, отворена е дупка во градилиштето и е нарушена стабилноста на околното земјиште.
На оваа улица се наоѓа Италијанската амбасада и постои реална опасност и за возилата и за пешаците.
Надлежните му наложија на инвеститорот да ја обезбеди на градежната јама. Оттаму добија уверување дека во најкраток можен рок ќе го сторат истото.
Општина Центар, улицата „8-ма Ударна Бригада“ целосно ја реконструираше пред нецела година. Поради опасност од поткопување на улицата и оголување на инсталациите неколку пати беше предупредена компанијата „Настел“ да го реши проблемот со огромната ископана дупка која веќе е претворена и во вистинска депонија.
Азманов во 2012 година има добиено правосилно решение за изградба на два објекта за деловни намени. Тоа значи хотел или трговски единици. Едниот објект треба да биде висок 22 метри, а вториот 16,5 метри.
Согласно Законот за градење, фирмата поради загрозена сигурност на околните градби и стабилноста на земјиштето ќе биде казнета со глоба од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице со казна од 1.000 до 2.000 евра.

Испрати коментар

Scroll To Top