Насловна / Вести / Засилени надзори на инспекторите за животна средина

Засилени надзори на инспекторите за животна средина

Државниот инспекторат за животна средина за 10 месеци има извршено 1.969 надзори на инсталации кои подлежат на А-ИСКЗ Дозволи и Елаборати за животна средина проследени со исто толку записници за констатација. При инспекциската постапка имаат издадено 215 решенија со соодветни законски мерки (наредува/забранува), 45 прекршочни и шест кривични пријави и еден прекршок од трета категорија.

Од почетокот на овој месец, пак, има извршено вонредни инспекциски надзори во 20 инсталации кои се под надлежност на инспекторатот.

inspekcija

Покрај редовните, вонредни инспекторирања се вршат паралено на територија на целата држава и направени се на Депонијата Дрисла, Цементара УСЈЕ-ТИТАН, Пејпер Мил Кочани, ТЕТЕКС АД Тетово, ВАРДАР ДОЛОМИТ Гостивар, АД ТЕАЛ  Тетово, ТЕТЕКС Јарн Тетово, БЛУЕ ТЕКНОЛОГИ Тетово, ДС-СМИТ АД СКОПЈЕ, Викторија Инвест, асфалтна база во с.Ново Село Дебрца, ГП Гранит асфалтна база –Битола, АД ОРАНЖЕРИИ ХАМЗАЛИ с.Хамзали  Босилово, Техно Павер Превалец, Велес,  ТУЛАНА АД Гостивар, ГОРНИ ПОЛОГ од Гостивар; Макстил АД Скопје, ДТУ АГРОМАРКЕТ ИГОР ДООЕЛ с.Владиевци опш.Василево, Живинарска фарма Ветеринар Гевелија.

Во дел од инсталциите мерењата се во рамки на дозволените граници, дел се задолжени да вршат вонредни мерења покрај редовните од дозволите, дел каде претходно имаат издадено  решенија за забрана на работа констатирано е дека се почитуваат, а дел воопшто неработат, се наведува во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Испрати коментар

Scroll To Top