Насловна / Вести / Засадени 300 рози во кампусот на техничките факултети во Скопје

Засадени 300 рози во кампусот на техничките факултети во Скопје

sadenje rozi 1

Минатиот викенд, триста црвени и жолти рози засадија членовите на Лајонс клуб „Вардар“ во кампусот на техничките факултети при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (во дворот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот и Факултетот за информатика и компјутерско инженерство). Со ова, придонесуваме мотото на Лајонизмот „Служиме“ да го насочиме кон заедничко добро на сите, а тоа е чиста и здрава животна средина“, рече Вида Пеева Наумовска, претседател на Лајонс клуб „Вардар“.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top