Насловна / Вести / Започнува следењето на емисиите и потрошувачката на тешките товарни возила

Започнува следењето на емисиите и потрошувачката на тешките товарни возила

Европскиот пармалнет и Европскиот Совет привремено се договорија околу фактот дека производителите на новите тешки товарни возила (камиони и автобуси) ќе мораат да известуваат за нивните емисии на штетни гасови и потрошувачката на гориво. Тоа е прво законодавство на Европската Унија кое е фокусирано на следење на емисиите на тешките товарни возила. Податоците ќе се наоѓаат во јавен регистар кој ќе го води Европската агенција за заштита на животната средина. На тој начин освен зголемената транспарентност, ќе им се помогне и на купувачите при одлуката за избор на ново возило од оваа категорија, а ќе се поттикнат и иновациите кај производителите.  Значи, Комисијата ќе воспостави систем на следење и известување за идните тестови за проверка на емисиите, како и систем на административни парични казни доколку производителот не ги достави на увид или пак ги фалсификува бараните податоци.

HDV 1

Испрати коментар

Scroll To Top