Во Столац, во Босна и Херцеговина, започна изградбата на најголемата соларна електрана во оваа земја. Станува збор за електрана со инсталирана моќност од 125MW. Вредноста на инвестицијата е 100 милиони евра. Според проценките на инвеститорот, електраната во наредните три децении ќе произведува околу 200GWh електрична енергија годишно. Инвеститор е компанијата Aurora Solar, а изведувач на работите е кинеската Norinco International.

Проектот предизвикал незадоволство кај дел од јавноста. Граѓаните собрани во неформалната иницијатива Za Komanje Brdo, повеќе пати предупредуваат на недостаток на транспарентност и неусогласеност на проектот со законите за заштита на животната средина. Тврдат дека процесот на издавање на дозволи бил нетранспарентен и дека локалната заедница не била адекватно вклучена во донесувањето на одлуки кои директно влијаат на просторот и квалитетот на живот. Сепак, и покрај негодувањето на јавноста, работите на изведба се започнати на крајот на минатиот месец. Најавено е дека електраната ќе биде завршена во рок од една година.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија