Насловна / Вести / Започна изградбата на фабриката на италијанската фирма „Кондево“ во Штип

Започна изградбата на фабриката на италијанската фирма „Кондево“ во Штип

кондево

Италијанската фирма „Кондево“ ја започна изградбата на нова фабрика за делови за кондензациски бојлери во ТИРЗ Штип.

Проектираната инвестиција изнесува 30 милиони евра, а очекувањата се дека ќе овозможи вработување на најмалку 280 лица. Компанијата планира од нашата земја да извезува низ целиот свет, првенствено во европските земји, Северна Америка и Ирак.

Станува збор за компоненти за светските производители: „Вајлант“, „Бош“, „Вајсман“ и други.

Во технолошко – индустриската зона во близина на Штип досега се изградени две фабрики во кои непречено се одвива производствениот процес.

Испрати коментар

Scroll To Top