Насловна / Арт и дизајн / Zaha Hadid Architects -„Alis“ пред Италијанскиот павилјон на Биеналето во Венеција

Zaha Hadid Architects -„Alis“ пред Италијанскиот павилјон на Биеналето во Венеција

Zaha Hadid Architects (ZHA) создадоаа кабина за состаноци поставена пред влезот во Италијанскиот павилјон на годинашното биенале за архитектура во Венеција.

4_resize

Наречена „Alis Meeting Pod“, секоја компонента е проектирана да се рециклира или да се пренамени, одговарајќи на темата  на овогодинешниот италијански павилјон – „Отпорни заедници“, куриран од Alessandro Melis.

3_resize

Со карактеристики наречени и High-performing Urban Ecologies го претставува мастер планот на  ZHA за островот Unicorn, кој во моментов се изведува во Chengdu, Кина.

Инсталацијата која ја вклучува „Alis“, изведена е од стилизирани ливчињата на орхидеја, кои ја обвиваат кабината за да обезбедат приватност и засолниште со оптимална видливост.

„Alis“ е конструирана од Tecno со користење прецизни техники на изработка, вклучувајќи 3Д печатење и CAD/CAM алатки.

2_resize

Инсталацијата на ZHA ги интегрира архитектурата, инженерството и урбанизмот за развој на нискојаглеродни решенија кои заштедуваат енергија и ресурси. Врз основа на холистичкиот пристап на ZHA, дизајнот ја редефинира вистинската мерка за ефикасност на изградената средина како подобрена придобивка на нејзините жители.

1_resize

Наменета како една просторија за состаноци, новата инсталација на ZHA се осврнува на новите барања за современите простори за состаноци, Алис е создадена да ја подобри соработката и кооперативноста во рамките на просторот, кој ги интегрира флексибилноста и удобноста со напредната информатичка технологија.

7_resize

Опишана како мобилен простор за средби и интеракција, „Alis“ е проектирана да се инсталира во различни поставки: внатрешни и надворешни, канцеларии и комерцијални простории, како и градски и комунални опкрижувања како што се станици и аеродроми.

„Структурата создава соба за состаноци која може целосно да се прилагоди врз основа на барањата на нејзините корисници“, велат од ZHA.

6_resize

5_resize

8_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top