Насловна / Вести / Градоначалникот Шилегов најави целосно затворање за сообраќај на Мал ринг

Градоначалникот Шилегов најави целосно затворање за сообраќај на Мал ринг

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека целосно ќе се затвори за сообраќај Малиот ринг во центарот на Скопје, со имплементација на Бас рапид транзитот.

1111

Центарот на Скопје ќе биде затворен за возила кон крајот на 2023 година. Градоначалникот уште во август 2019 најавуваше дека улицата „Димитрие Чуповски“, односно потегот од Собрание до ТЦ „Палома Бјанка“ ќе биде затворен за сообраќај и ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз, противпожарните и амбулантните возила. Сега вели дека овој проект ќе се реализира паралелно со воведувањето на брзиот автобуски превоз или Бас рапид транзит системот (БРТ), за кој постапките се во тек и до крајот на 2023 треба да биде пуштена првата линија од Ѓорче Петров до Ново Лисиче.

ш1_resize

„Градот ќе влезе со целосно затворање на Мал ринг со воведувањето на брзиот автобуски превоз. Ќе биде дозволено движење само на возила од јавниот превоз, останатите ќе се движат по сообраќајниците на Големиот ринг, за што ќе биде изготвен нов сообраќаен режим. Мораме да одиме паралелно, треба да им дадеме алтернативен начин за движење на граѓаните, па да го затвориме центарот за возила. Очекувам до крај на 2023 тоа да се имплементира, по што Скопје ќе стане град со најголема пешачка зона во Европа. Тогаш пешачка зона ќе биде потегот од Стара железничка станица до Бит пазар“, вели градоначалникот.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top